Елиф Елмас е негативе на Ковид-19, ова е најважната вест по онаа дека и Горан Пандев не е меѓу позитивните во Џенова.

Од Наполи со официјално соопштение потврдија дека немаат позитивни на последното тестирање што значи дека Елмас ќе може да игра против Косово за Македонија на 8 октомври во полуфиналето од Лигата на нации.

„Тестирањата кои беа направени вчера во Наполи се негативини. Следното тестирање е закажано за утре попладне во тренинг центарот.“ – сооштија од Наполи.

Според последните информации од Италија, дуелот меѓу Наполи и Јувентус овој викенд сепак ќе се игра.