Наполи потврди дека ќе го продолжи договорот со Елиф Елмас, во изјава за медиумите во Италија, спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли потврди дека „дијамантот“ ќе ја продолжи верноста.

Наполи Елмас  плати 16 милиони евра плус бонуси, со тоа тој стана најскапиот играч од Македонија.

„Работиме на новите договори на Елмас, Зелински, Максимовиќ, Марио Руи и Ди Лоренцо. Се надевам брзо ќе ги формализираме“ – вели спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли.

Елмас според достапните информации од „чизмата“, има плата од 1,3 милиони евра, која треба да расте за по 100.000 евра секоја наредна година.

Македонскиот репрезентативец вчера одигра 82 минути за Наполи, постигна гол кој ВАР го помништи, имаше една прекрасна реакција за насловните шпици.