Тимот на Наполи се вклучи во борбата за потписот на крилниот фудбалер на Валенсија, Феран Торес за кого интерес пројавија Јувентус, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Неговиот договор истекува во јуни 2021 година, Шпанецот нема намера да го продолжи што значи дека неговата продажба е неизбежна.

Според Радио Валенсија и Раи Спорт, Наполи е последниот тим што се вклучи во трката за неговиот потпис, а неговата откупна клаузула се движи од 20-30 милиони евра.

Тој со 20.години дебитираше за првиот тим на „лилјаците“ од чија школа потекна и сезонава на 35.натпревари постигна шест гола и седум асистенции.