Управата на Наполи нема да преземе радикални чекори, па Џенаро Гатузо нема потреба да стравува за неговата работа.

По поразот од Хелас Верона од 3:1, што беше втор неуспех за тимот на Гатузо во една седмица, се појавија најави дека Де Лаурентис веќе бара замена за тренерот на Елмас.

Сепак ова го демантира Скај Спорт Италија, каде тврдат дека Гатузо ужива во довербата на раководството на клубот.

Преговорите за нов договор меѓу Наполи и Гатузо се одложени за крајот од оваа сезона.