Според „Тутомеркато“, Наполи,  е во контакт со Торино за евентуален трансфер на Андреа Белоти. „Наполитанците“ имаат желба на лето да го видат Белоти на „Сан Паоло“, откако во јуни ќе пристигна напаѓачот на СПАЛ, Андреа Петања.

Со ова Де Лаурентис сака да го засили нападот, кој по крајот на сезоната може да биде ослабен со заминувањето на Дрис Мертенс. Најголем интерес за Белгиецот пројавува Интер, кој во трансфер зделката сака да го вклучи и Матео Политано, кој во моментот игра како позајмен фудбалер во Наполи.

Белоти има постигнато девет гола на 22.средби сезонава во Серија А.