Синдикатот на фудбалери на Македонија заедно со Аџибадем Систина реализираше уште две масовни тестирања. Овојпат тестирани беа екипите на ФК Академија Пандев и ФК Борец.

„Денес во организација на СФМ и Аџибадем Систина продолжи тестирањето на прволигашките екипи на КОВИД 19.
Мобилна екипа од Аџибадем Систина беше во посета на Фк Академија Пандев и Фк Борец и направени се тестови на сите играчи,стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови.“ – соопштија од синдикатот на фудбалери на Македонија.

Предходно беа тестирани сите во фудбалскиот прволигаш, Македонија ЃП и немаше забележан позитивен случај на коронавирус.