Реал Мадрид е блиску до доведување на големо засилување за следната сезона, не се работи за Килијан Мбапе, ниту било кој друг играч, како ни за замена за Зинедин Зидан на клупата.

Мета на мадрискиот тим е Луис Кампос, Португалецот кој веќе има работено во Реал Мадрид во стручниот штаб на Жозе Мурињо, а заслужен е за две изгубени титули на ПСЖ во последните девет години како човекот кој ги има направено шампионските состави на Монако во 2017-та и Лил оваа година.

Двата клуба ги напушти пред да дојдат трофеите, но селекцијата на двата тима е негово дело.

По првата сезона без трофеј уште од 2010-та година, Флорентино Перез конечно сака да направи вистинска реконструкција во тимот, а како спортски директор и човек кој ќе го состави тмот за новата ера го замислува 56 годишниот Португалец.

Кампос дваесет години работел како тренер во Португалија, пред во 2012-та Мурињо да го доведе во Реал како член на стручниот штаб, односно да му помага во скаутирањето. Од тогаш е во добри односи со Флорентино Перез.

По една година оди во Монако како спортски директор и ги решава трансферите на Фалкао, Жоао Мутињо, Хамес Родригез, Фабињо, Ентони Марсија, Рикардо Карваљао, Бернардо Силва, Тимуе Бакајоко и Геофри Кондогбија, а во тој период створил и добри односи со Килијан Мбапе, кои и денес ги негува, што не е неважно со оглед на тоа што тоа ќе му биде една од главните цели односно негово доведување на Бернабе.

Во годината кога Монако неговата работа ја наплати со титула тој прејде во Лил, каде тоа го повтори, направи тим кој оваа сезона ја зема титулата пред ПСЃ. Клубот го напушти во декември минатата година, по промената на сопственичката структура.

„Goal.com“ пишува дека преговорите траат веќе два месеци, но дека се оставени за крајот на сезоната, за да не го тргаат фокусот на клубот од битакта за трофеите, која на крајот излезе неуспешна. Наскоро се очекува истите да бидат завршени.