Нашиот Елиф Елмас ќе има нов тренер наредната сезона, на крајот од оваа заминува Џенаро Гатузо. Како што наведуваат италијанските медиуми, пет имиња се кандидати за заменици на сегашниот тренер на Елмас.

Двајца од нив веќе го водеа Наполи во минатото, станува збор за Рафаел Бенитез и Маурицио Сари, на другите тројца евентуален ангажман би им бил прв на клупата на тимот од Неапл. Еден е од нив Иван Јуриќ, кој со голем успех го води тимот на Верона, со која во моментов е на деветтото место на табелата во Калчото. Другите две имиња кои се споменуваат се тренерот на Сасуло,  Роберто Де Зерби и на Специја, Винчецно Италијано.

Наполи во овој момент е на шестото место на табелата со 13 бодови помалку и натпревар помалку од лидерот Интер. Беа елиминирани од Лигата на Европа, а испаднаа и од Купот на Италија. Поради се ова односите меѓу челниците на клубот и Гатузо не се баш најдобри и разделбата е и повеќе од реална.