Во 1994 година, Македонија стана полноправна членка на ФИФА и на УЕФА. Оваа 2020 година, за прв пат, Македонија има шанса да се натпреварува на  Европското првенство во фудбал ЕURO2020.

На 26 март, фудбалската репрезентација на Македонија ќе си ги измери спортските сили со репрезентацијата на Косово. Доколку натпреварот заврши со победа на екипата на Македонија, тогаш македонската репрезентација за пласман на ЕП 2020, ќе игра против Грузија или Белорусија, во зависност од резултатот помеѓу двете екипи.

Едни од ѕвездите на македонската фудбалска репрезентација заслужни за патот на македонскиот фудбал до Европа, се Горан Пандев, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Барди Енис и Езѓан Алиоски.

Нивните имиња се звучни во светот на фудбалот насекаде низ светот, благодарение на успехот кој што го пружаат во тимот каде што играат.

Нашата македонска фудбалска легенда, Горан Пандев, со 26 постигнати голови, е најдобриот стрелец во историјата на Македонската селекција. Тој го има носено дресот на вкупно 8 фудбалски тима: Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова за кои што има постигнато врвни резултати и победи и е еден од малкуте фудбалери кој што успеал да го освои Купот на Италија со 3 ралични клубови, Лацио, Интер и Наполи.

По неговите успешни фудбалерски стапки, ита и Елиф Елас. Оваа година тој беше прогласен за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство. Елмас игра за тимот на Наполи, а во македонската репрезентација е нарекуван „дијамантот“ на фудбалот.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е исто така дел од фудбалските ѕвезди, кој што годинава го напушти Динамо Загреб и прави трансфер во Ал Наср, клуб од Обединетите Арапски Емирати. Аријан Адеми за Динамо Загреб има одиграно 252 натпревари и постигна 22 гола и ја носи капитенската лента на „модрите“.

Енис Барди е можеби еден од најголемите оптимисти кога станува збор за пласманот на Македонија на ЕП 2020. Според него, репрезентацијата мора да биде сконцентрирана и да го даде својот максимум со цел пласман на Европското првенство.

Уште една ѕвезда од редовите на македонскиот фудбал е Езѓан Алиоски, којшто има играно за репрезентацијата на Лугано, а моментално игра во Англија за Лидс Јунајтед.

Овие ѕвезди на македонскиот фудбал, распространети по клубовите низ Европа се оние кои што ќе се борат против репрезентацијата на Косово за чекор напред кон пласман на Европското Првенство 2020.

 

 

Тие ни имаат покажано дека се стигнува до Европа, а сега се надеваме дека заедно со нивните соиграчи од македонската репрезентација ќе ја однесат Македонија и на ЕП 2020.