Самир Насри објави крај на кариерата. Поранешниот француски репрезентативец даде интервју за „Le Journal du Dimanche“, во кое објасни зошто не сака повеќе да игра фудбал.

Истакна дека кариерата му ја уништила суспензијата која во 2018-та ја заработи поради допинг, иако тврди дека станувало збор за витамини, кои ги земал зошто бил болен.

„Бев многу разочаран, сметам дека тоа беше нечесна одлука. Не сум земал ништо недозволено. Таа одлука ме уништи, а сега е време да ја завршам кариерата“- изјави Насри.

Кога се појави на сцената тој заблеска во дресот на Марсеј, многумина сметаа дека ќе стане еден од најдобрите играчи во историјата на Франција и носител на играта на репрезентацијата, но тоа не се случи.

Првиот трансфер му беше во Арсенал, каде одлично напредуваше под водство на Арсен Венгер, за потоа да замине во Манчестер Сити, кој тогаш со помош на парите од Шеиците успеа да стане клуб кој оди над просекот.

Но, Насрри во Сити почна да се губи, се менуваат тренери, а неговата игра не му одговараше на никого, па го пратија во Севиља. Таму почна да се буди, но после трансферот во турси Анталијаспор стана јасно дека нема како да ја врати назад кариерата.

Се обиде истата да ја спаси играјќи и за Вест Хем и Андерлехт, но тоа не му успеа.