Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, се раздели со Барселона, таа им се заблагодари на навивачите со писмо за поддршката и убавите денови минати во клубот.

„Дојде време да ја соопштам одлуката за заминување од Барселона, клуб кој ми ги отвори вратите пред две години и секој ден потоа ме натера да се чувствувам како дел од семејството. Заминувам со чувството дека имам дадено сè за да помогнам и свесна сум дека ја добив љубовта и професионалноста на ова големо семејство до степен до кој заслужуваме како професионални фудбалери“, напиша меѓу другото Андонова.