Според последните најави на „Финансијал Тајмс“ во УЕФА сериозно ја разгледуваат опцијата натпреварите од Лигата на шампионите во иднина да се пренесуваат само преку интернет платформа или народски кажано преку стрим.

Во УЕФА планираат да отворат интернет  телевизија (платформа) која во реално време ќе ги пренесува мечевите од елитното натпреварување.

„Во овој момент имаме многу партнери кои сакаат да ја продолжат соработката но мора да бидеме подготвени за атлернативни решенија. Традиционалните броудкастери се присутни со спортот и фудбалот долго време но ние мора да ја истражиме и можноста која ја нуди дигиталната технологија, тоа е она што мора да го направиме.“ – изјави Теодоре Теодоросис, генералниот секретар на УЕФА.

Реално оваа можност постои но засега изгледа е тешко да се поверува дека сите склучени договори со ТВ куќите кои ги имаат правата за ЛШ до 2025 година ќе бидат раскинати на сметка на интернет-преноси.

Можно е целата „стрим приказна“ да започне со пренос на натпреварите од младинските категории во Лигата на шампионите.