Големото градско дерби меѓу Евертон и Ливерпул не ги оправда очекувањата кај љубителите на фудбалот, натпревар кој заврши без голови и беше сиромашен кога се во прашање шансите за гол.

Сепак и покрај тоа овој натпревар на „Гудисон Парк“ ќе влези во историјата на Премиер лигата како најгледан натпревар кој преку ТВ екраните беше следен од 5.5 милиони гледачи.

Претходно овој рекорд го беше во сопственост Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, натпревар од 2012.година кој го следеа 4.4 милиони луѓе.