Реванш-натпреварот во осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Лајпциг и на Тотенхем ќе се игра пред полните трибини на „Ред Бул Арената“.

Имено, ограничувањата донесени од владата на Германија не се однесуваат на натпревари на отворен простор, а и Велика Британија засега не се смета за ризична земја.

Натпреварот се игра утре, со почеток во 21 часот.