Реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу екипите на ПСЖ и на Борусија ќе се игра пред празни трибини, јавува доброинформираниот L’Equipe.

Причината е добро позната – епидемијата на коронавирусот. Во овој момент во Франција се регистрирани 1126 заболени, а веќе 19 од нив се починати, додека 21 се во критична состојба.

Вчера во Франција е воведена забрана за организирање на било какви манифестации на кои можат да присуствуваат повеќе од 1000 луѓе, па фудбалските натпревари влегуваат во оваа категорија. Конечното решение ќе го донесе префектурата на Париз.

Првата средба заврши со победа на Борусија, со резултат 2:1.