Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора го поддржа повикот на Здружението на играчи да биде одложен мечот во Серија А  меѓу Парма и СПАЛ една минута пред почетокот на натпреварот, поради коронавирусот.

Фудбалерите буквално стоеја во тунелот на Стадионот  „Тардини“, кој беше со празни трибини, но судиите излегоја и ги известија тимовите да се вратат во соблекувалнити.

„Ги споделувам ставовите на Дамиано Томаси, претседател на италијанската асоцијација на играчи и се согласувам да се одложи  мечот меѓу Парма и СПАЛ “-објави министерот Спадафора.