Интер од Милано има навивачи насекаде во Европа, во Македонија има официјален фан клуб, регистириран по сите правила на гигантот од Италија.

Македонските навивачи на Интер, се организираа да го бодрат својот клуб во Бугарија каде вечер екипата од Милано се среќава со Лудогорец во Европа лигата, средба од осминафиналето.

Околу 30 навивачи на Интер од Македонија од „Армата Интер – Македонија“ ќе бидат на „Лудогорец Арена“ во Разград, средбата започнува од 19 часот.