Раководството на Серија А, планира до крајот на оваа натпреварувачка сезона да овозможи пристап на навивачите на стадионите.

Според последните информации од Италија, претседателот на Јувентус, Ањели, предложил план со кој во јули можат стадионите да бидат отворени за гледачите , но капацитетот ќе биде лимитиран.

Предлогот на Ањели е кон  средината на јули  да се дозволи присуство на навивачи но не повеќе од 10% од капацитетот на стадионот.

Процентот ќе се зголемува, и може да се искачи до 25 посто од вкупниот капацитет на стадионот за да се задржи потребната дистанца.

Планот е претставен на сите клубови од Серија А, раководството на лигата позитивно гледа на желбата на клубовите да ги вратат навивачите на стадионите.

Серија А се враќа на 20 јуни откако раководството на лигата доби дозвола од Владата на Италија за рестарт на сезоната.