Изминатиот месец на терените во Серија А имаше низа на расистички инциденти, а овие случувања кулминираа на мечот меѓу Верона и Бреша кога домашните фанови го навредуваа Марио Балотели.

За потсетување, Балотели ја шутна топката на трибините во поразот од Верона од 2:1 откако ги слушаше навредите на расна основа од трибините. Сето ова тренерот Иван Јуриќ, претседателот Маурицио Сети како и градоначалникот на Верона ги демантираа ваквите гласини и тврдеа дека немало расизам, иако на снимките јасно се слушаат прозивките од навивачите на Верона.

За овие случувања стигна соопштение и од фановите на Бреша кои изненадувачки застанаа на страната на навивачите на Верона.

Ако Балотели не беше психички спремен да игра против Верона и нејзините навивачи во деликатен натпревар за нашиот град и тренерот Корнини кој беше омилена фигура и се бореше за работата на тој натпревар тогаш требаше местото да го препушти на некој друг помалку арогантен. Никој од нас не би бил потресен поради тоа, напротив“- стои во соопштението од навивачите на Бреша.