Навивачите на Црвена Звезда и на Олимпијакос „братски“ ќе го следат мечот на двете екипи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград во рамки на Лигата на шампионите.

Двете навивачки групи се збратимени, се собраа пред Хотелот  „Москва“  во Белград, бојата им е заедничка,  скандриаат „Косово е Србија“ и „Звезда-Олимпијакос“ во центарот на градот.

Сребата се игра од 21 часот, ова е прв официјален дуел на двата гиганта од Србија и Грција.