Состојбата во ФК Вардар е далеку од поволна, откако во Академијата останаа без електрична енергија поради неплатени сметки, доаѓа моментот кога ќе стане познато дали Самсоненко ќе најде решение и ќе најде 2 милиони евра за да ги покрие сите долгови или клубот ќе добие забрана од УЕФА за настап во европските купови.

До полноќ ФК Вардар мора да има одблокирана сметка, фудбалерите и вработените да ги добијат сите плати кои им ги должи клубот и сите режиски трошоци треба да бидат подмирени. Доколку ова не се случи, без разлика од епилогот на ПМФЛ, Вардар нема да смее да игра во натпреварувањата на УЕФА.

Очекуваме повеќе информации во текот на денот за тоа што се случува во клубот кој пред три години направи историски успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа на УЕФА.