Повеќе од 30 000 навивачи на Интер, вчера се собраа низ улиците на Милано за да ја прославата титулата во Серија А.

Пред почетокот на прославата, од Интер излегоа со соопштение до навивачите и побараа да ги почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19 и достојно да го прослават успехот со оглед на сите околности.

Според последните информации од Инталија, локалната власт денеска побарала одговори од полицијата, за како што велат: непримерното однесување на навивачите и прекршувањето на сите протоколи за заштита од Ковид-19, неносењето на маски, групирањето и контактите кои ги имале минатиот ден.

Во целиот случај е издвоен и градоначалникот Бепе Сала и е обвинет дека е главен виновник што полицијата не реагирала навремено.