Официјалната навивачка група на Интер во Македонија, со свој претставник во хотел Хилтон, го посетија творецот на најголемиот успех на клубот од Милано кој му донесе историска „триплета“.

Поради протоколите, претставникот на Интер клуб Македонија не можеше да му врачи подарок, но средбата беше остварена.

„Благодарни за она што го направи за нашиот Интер. Господине, нè натеравте да сонуваме после 45 години, најмалку што можеме да направиме, насекаде низ светот е чест и да знаете дека не заборавивме, никогаш нема да заборавиме“ – напиша на фејсбук Хари Хоџиќ од Интер клуб Македонија.