Викендов во Скопје се собра голема група на навивачи на Ливерпул од регионот, собирот имаше и хуманитарен карактер.

Навивачите на Ливерпул од Македонија, Хрватска,Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија, Романија и Бугарија собраа 500 евра и ги уплатија на донациската сметка за лекување на Јана Арсовска.

Јана  боледува од редок вид на карцином, во рамките на чие лекување има извршено две трансплантации на коскена срж, овие средства ќе бидат добредојдени во борбата со болеста.