Дисциплинската комисија во ФА која е задолжена за сите нерегуларности во Премиер лигата нема да покрене постапка и истрага против голманот на Евертон, Џордан Пикфорд за стартот над Вирџил Ван Дајк.

Капитенот на Ливепрул мора на операција и нема да игра фудбал најмалку 7 месеци. Откако ова стана познато навивачите на „Црвените“ оечкуваа санкција за Пикфорд кој стартуваше над дефанзивецот на Ливерпул, но по прегледнот на ВАР снимката беше потврдено дека е во Офсајд и поради ова голманот на Евертон не заработи црвен картон.

Пикфорд очигледно се „извлече“ за стартот, нешто што наиде на сериозно негодување меѓу навивачите на актулниот првак на Англија.