ПСЖ го победи Ним со 3-0, со головите на Кавани, Мбапе и на Ди Марија. Нашиот интернационалец, Влатко Стојановски не доби шанса во составот на Ним, напаѓачот не беше ниту на клупата за резерви.

Натпрерварот го одбележа и одност на публиката кон Нејмар кој е на излезна врата кај ПСЖ. Многу пароли на трибините, во една од нив навивачите му порачаа: Губи се од тука !

Нејмар не сака да игра за ПСЖ, откупната клаузула е висока и тоа им ги ремети плановите пред се на Реал Мадрид и Барселона кои се најзагреани за репрезентативецот на Бразил.