Зинедин Зидан се соочува со сериозна криза во неговата екипата особено по поразот од Атлетико Мадрид од 7:3 на контролниот натпревар кој предизвика многу врева меѓу навивачите на „кралевите“.

Трите титули во низа во Лигата на шампионите, навивачите на Реал брзо му ги заборавија на Зидан и на дел од првотимците иако сеуште е рано за да се суди за сезоната која е пред нас, анализираат дел од медиумите од Шпанија.

Има и такви кои уверуваат дека Зидан е пред отказ, други пак сметаат дека новите засилувања не го носат посакуваниот квалитет . Навивачите бараат да биде купен Погба или Нејмар но засега и двајцата се далеу од белиот кралски дрес.

Зидан има проблем, исто и Перез а нетрпението меѓу фановите секојдневно расте и можно е да има бојкот на стартот од сезоната ако работите не се променат на подобро.