Вечерашното римско дерби меѓу Рома и Лацио ќе се игра без публика, меѓутоа Рома продаде 46 илјади виртуелни билети, а целиот приход ќе оди во добротворни цели.

Иако во финалето на Купот на Италија цо среда меѓу Јувентус и Аталанта ќе биде дозволено да има 4.000 гледачи, на натпреварите во Серија А и понатаму има ограничувања поради ковид мерките.

Меѓутоа, Рома одлучи да го одбележи големот дербик со продавањена 46.000 виртуелни билети по цена од две евра. Навивачите можеа да купат билет и да го одберат своето место стадионот.

Иницијативата спеа, атоа што се продадени сите 46.000 влезници. Навивачите ќе добијат како подарок маица со порака „Mai Sola“ што во превод значи никогаш сама, ќе добијат и ваучер за купување од фан шопот на Рома и место во томболата за освојување бројни награди.

Клубот најави дека целиот приход ќе оди во добротворни цели. Дербито меѓу Рома и Лацио ќе се игра вечерва од 20:45.