Навивачот на Олимпик Лион, кој со шише го удри Димитри Паје, е осуден на шест месеци затвор.

Покрај тоа, тој доби пет години забрана да оди на стадион.

Фудбалерот на Марсеј, Димитри Паје беше погоден во глава во четвртата минута од француското дерби при изведување на корнер.

Судијата минута подоцна го прекина натпреварот. Поради инцидентот ги однел фудбалерите во соблекувалната. За среќа на Паје, тој не се здоби со сериозна повреда.

Тоа беше веќе трет прекин во Франција оваа сезона поради дивеењето на навивачите.

Виновникот за ова не е  судски казнет туку со условна казна затвор.