Тангуј Ндомбеле е несреќен во Тотенхем, тоа им го кажал на челниците на клубот, но менаџерот на екипата, Жозе Мурињо забранил трансфер на Французинот.

Тотенхем нема д а го продава Тангуј Ндомбеле, иако тој отворено побара да му се приклучи на Интер од каде има понуда. Мурињо не сака да го продаде 23. годишниот играч од одбрната, иако Интер го нуди Милан Шкрињар во размената на дефанзивци.

Мурињо изјавил дека Ндомбеле ќе се покаже во вистинско светло следната сезона, Тотенхем го плати 55 милиони фунти кога дојде од Лион, оваа сезона Французинот запиша 21 настап.