Фудбалскиот клуб Вухан Кал, од градот во кој почна пандемијата на вирусот, бега од Шпанија и се враќа во Вухан.

Овој клуб почетокот на епидемијата го начека во Андалузија, каде беше на подготовки од 29 јануари. Кога изби епидемијата на Коронавирус во Вухан, фудбалерите и раководството на клубот одбија да се вратат во Кина, но сега очигледно Шпанија за нив е поопасно место.

Ова го соопшти шпанскиот тренер на екипата Хосе Гонзалез.

„Сега е поголем проблемот овде во Шпанија, бидејќи во Кина вирусот е практички совладан. Тогаш одбивме да се вратиме во Кина, но сега заминуваме поради алармантната ситуација во Шпанија“.

Владата на Кина оваа недела објави дека врвот на епидемијата мина и дека е совладан опасниот вирус.