По информацијата дека Њукасл стапил во контакт и на клупата го сакаат Зинедин Зидан, брзо им стигна ладен туш од Французинот.

Премиерлигашот стана најбогат клуб на светот, па веднаш почнаа шпекулации околу нови имиња на клупата.

И самиот Стив Брус призна дека ќе добие отказ, но се уште нема абер за разделба бидејќи потрагата по нов стратег заглави откаколку неколку имиња кажаа НЕ.

Антонио Конте беше првото името, потоа негативен одговор даде и Брендан Роџерс, а според пишувањата на Мирор, истото го сторил и Зинедин Зидан.

Новите сопственици на Њукасл стапиле во контакт со поранешниот предводник на Реал Мадрид и му ја понудиле можноста да го наследи Стив Брус.

Но како што пренесува Мирор, понудата во едно уво влегла, во друо излегла, Зинедин Зидан има други планови и преферира да седне на кормилото на Франција или Јувентус.