Шефилд Јунајтед со поразот од Вулверхемтон од 1:0, ги загуби и математички шансите за опстанок во Премиер лигата. На шест кола пред крајот имаат 14 бодови, односно недостижни 19 помалку од 17-тото место кое носи спас.

Случајно или не, истиот ден останаа и без преседателот на клубот. Саудискиот принц Мусад Бин Калид Ал Сауд, со 28 години беше најмлад претседател на клуб во Премиер лигата, а како причина за заминување наведе приватни причини.

„Ми беше апсолутно задоволство и привилегија да бидам претседател на овој голем клуб и секогаш се обидував да го држам до неговите вредност и да делувам како вистински старател. Преблаго е да се каже дека сум разочаран со расплетот на сезоната, но верувам дека имаме светла иднина и дека повторно ќе се види и здрави заедно ќе навиваме на Брамал Лејн“- напиша тој во соопштението.

Сепак, неговото заминување не значи дека клубот останува без арапските милиони. Сопственик и понатаму останува принцот Абдулах Бин Мосад Бин Абдулазиз Ал Сауд. Местото претседател привремено ќе го преземе Јусуф Џансиракуса, адвокат и деловен партнер на семејството.