Шпанскиот играч од средниот ред и легенда на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Андрес Иниеста, не планира да стави крај на кариерата барем наредниве две години. Тој стави потпис на нов двегодишен договор со Висел Кобе.

Иниеста има 36 години и од 2018-та година настапува за јапонскиот тим, кој на социјалните мрежи се пофали дека го продолжиле договорот со шпанската легенда.

Задоволство од новиот договор изрази и самиот Андрес Иниеста.

Инаку, своите најдобри денови во кариерата поранешниот шпански репрезентативец ги имаше во дресот на Барселона, каде играше од 2001 до 2018 година.

Минатата сезона одигра 34 натпревари и успеа да постигна шест гола надополнети со осум асистенции во дресот на Висел Кобе.