Јирген Клоп на клупата на Барселона. Барем ова желбата на управата на каталонскиот клуб, објавува Спорт.ес.

Во Каталонија се уверени дека актуелниот тренер Роналд Куман следната сезона повеќе нема да биде на клупата на Барселона.

Најголема желба на Хоан Лапорта е Јирген Клоп, а меѓу кандидатите е и легендата на Барса, Чави.

Барселона засега нема официјална понуда до Клоп. Според изворот, се размислува и за кандидатурата на Томас Тухел, кој моментално работи во Челзи, но оваа опција е малку веројатна.

По девет кола од Ла Лига, Барселона со 15 бодови го зазема 9. место.