Шпанскиот весник Спорт денеска јавува дека Барселона се обидела да го доведе Џанлуиџи Буфон, но идека италијанскиот голман без многу размислување ја одбил понудата од Каталонија.

Буфон ова лето го напушта Јувентус по истекот на договорот, но заинтересираност за негово доведување има од повеќе места, иако има дури 43 години.

Тој кажа дека би сакал да замине од Италија, но не да биде втор голман. Тоа го потврди и со одбивањето на Барселона, каде би бил резерва на Марк Андре Тер Штеген.