Од пред неколку дена, Амазон започна со емитување на документарецот „All or Nothing“, во кој се следи неуспешната сезона 2020/2021 на италијанскиот калчо гигант Јувентус. Станува збор за сезоната во легендарниот репрезентативец на Италија, Андреа Пирло, доби шанса да седне во тренерското столче и во која е ставен крај на деветгодишната доминација на „старата дама“ во Серија А.

Освен по лошите резултати, сезоната ќе биде запаметена и по тензичната атмосфера во соблекувалната, а на самиот старт од документарецот е објавен вербалниот конфликт помеѓу Кристијано Роналдо и Хуан Гуадрадо, како и агресивното однесување на клупскиот претседател, Павел Недвед.

Конфликтот помеѓу Роналдо и Гуадрадо е снимен во соблекувалната за време на паузата од натпреварот во Лигата на шампиони против екипата на Порто. Првиот 1/8 финален дуел заврши со триумф на португалскиот клуб од 2:1, а на вториот, Јувентус на крајот од првото полувреме имаше негатива од 1:0. Роналдо инсистираше дека сите во тимот мора „напорно да работат“, а Гуадрадо му е обрати со зборовите дека токму тој треба да им даде пример на останатите играчи.

После неколку секунди, Кристијано ја смирува тензијата со зборовите дека „сите играме како гомно“, а потоа во соблекувалната влегува Пирло. После елиминацијата на Јувентус, Роналдо е снимен како плачи во соблекувалната.

Далеку потензично беше после првенствениот пораз од Беневенто, кој оваа сезона игра во италијанската Серија Б. Клупскиот потпретседател, Павел Недвед, е снимен како беснее после неочекуваниот пораз и како збори за ароганцијата во тимот кој веќе е елиминиран од Лигата на шампиони.

„Треба да им се скршат главите“– зборува Недвед.

Останатите клупски челници се обидуваат да ја смират тензијата, со зборовите дека и кај нив има вина за лошите резултати, но Недвед не попушта.

„Не, тие се криви. Тие се криви“– додава Недвед.