Јувентус запиша висок пораз од  Милан со 3-0, клубот денес имаше состанок на кој се донесени одлуки, Андреа Пирло останува тренер до крајот на сезоната, Роналдо нема да оди никаде.

Павел Недвед  изјави дека ситуацијата е комплицирана, , но потврди дека Пирло и Роналдо остануваат.

„Пирло со сигурност останува, тоа важи и за Роналдо. Се соочуваме со комплицирана ситуација, но ќе се бориме до крајот“ – изјави Недвед.

Шпекулациите велат дека ако Јувентус не озбезбеди настап во Лигата на шампионите, тогаш Роналдо заминува на лето.