Поранешниот тренер на Јувентус, Макс Алегри се уште е без ангажман по раскинот на договорот со „Старата дама“, а во опција се голем број на европски гиганти во кој би бил тренер.

Поранешниот напаѓач на Глазгов Ренџерс и Перуџа, Марко Негри во интервју за „РМТ“, смета дека најдобра опција за Италјанецот се Тотенхем и Арсенал.

Среќен сум со кариерата што ја имаше, во кои ја покажа целата своја вредност, бидејќи тој уште од времето на Перуџа покажа дека е роден за оваа работа. Мислам дека на Алегри животот во Лондон би му одговарал  со клуб како Тотенхем или Арсенал. Тој сигурно ќе се приклучи на клубот кој има амбиција да победува “-изјави Негри.

Алегри веќе една година е без работа, откако со Јувентус освои пет последователни титули во Серија А, а претходно беше тренер и на Милан.