Бразилскиот модел Наџила Триндаде, која минатата година го обвини Нејмар за силување, сега подготви нова тужба против напаѓачот на ПСЖ со која го обвинува за организација на ВИП-проституција.

Правникот кој ги штити интересите на Триндаде наскоро ќе ја поднесе тужбата во еден од француските судови.

Триндаде го обвинува Нејмар дека носи девојки од Бразил за сексуална експлоатација, а овој предмет не може да се разгледува на територија на Бразил.

Правниот тим на Нејмар изјави дека засега не се известени за новата тужба.

Триндаде претходно го загуби спорот со Нејмар околу силувањето, бидејќи фудбалерот беше целосно ослободен од сите обвинувања.