Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, не ја исклучува можноста да ја продолжи соработката со францускиот клуб по завршувањето на неговиот тековен договор, кој завршува на 30 јуни 2022 година, пишува Le Parisien.

Нејмар игра за „Светците“ од 2017 година, кога дојде од Барселона. Неговата моментална пазарна врдност се цени на 160 милиони евра.

Во тековната сезона тој настапи на 14 средби во Лига 1 и постигна 13 гола, а имаше и 6 асистенции. Тој настапи и на 5 други средби за ПСЖ на другите натпреварувања и постигна уште 3 гола, комбинирани со 4 асистенции.