„Мундо Депортиво“ отркива дека Нејмар е подготвен на двојно помала плата од таа во ПСЖ само за да се врати на „Камп Ноу“.

Бразилецот заработува 600 000 евра неделно во првакот на Франција но е решен по секоја цена повторно да настапува за Барселона заедно со Лионел Меси.

Нејмат е еден од играчите кои одби намалување на платата во ПСЖ поради коронакризата а неговиот адвокатски тим подготвува тужба против ПСЖ во случај да не му биде дозволено да се вративо клубот каде настапуваше до 2017 година.

Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, минатото лето Барса не успеа да го купи поради сумата која ја бараше неговиот клуб, но сега се верува дека за 150 милиони евра, „Каталонците“ ќе успеат да го вратат „дома“.