Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, вели дека избегнува да ја користи главата во фудбалот.

„Главата е добра за да со нејзе мислиш. Затоа секогаш сакам да играм со нозе.Не играм лошо со главата, дури можам да кажам добро. Можам така да ги завршувам нападите, но се плашам. Ти скокаш, а голманот ја одбива и те удира, можеш да завршиш в болница и ќе бидеш надвор од игра. Затоа препочитам да ја начекам топката на земја“, изјави Нејмар за OTRO.

Оваа сезона тој одигра 21 натпревар и постигна 17 гола, плус 10 асистенции. Transfermarkt го цени на 160 милиони евра.