Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар не ги исполни очекувањата на навивачите а најмалку на сопствениците на клубот.

„Марка“ направи пресметка според која Бразилецот досега одигра само 51% од можните натпревари за првакот на Франција, односно за секој натпревар досега добивал по 1,4 милиони евра ако не се земат во предвид времето и натпреварите кои ги прескокна поради најразлични прични, од повреди до одмор во Бразил и роденденот на неговата сестра.

ПСЖ го купи Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра а ова лето доколку одлучи да го продаде нема да добие ниту половина од платената сума.

Барселона повеќе од една година се обидува да го врати на „Камп Ноу“ но финансиската криза поради Ковид-19 најверојатно ќе го одложи овој план на каталонците.