Фудбалерите на ПСЖ, Мауро Икарди и Нејмар ќе го пропуштат утрешниот меч со Лајпциг во 3. коло од Лигата на шампионите.

Нејмар се повреди при обврските на репрезентацијата, додека Икарди ќе отсуствува поради приватни проблеми.

„Нејмар имаше проблеми со болки во пределот на вратот откако се врати од обврските кон националниот тим, така што ќе има продолжен период на опоравување, пред да продолжи со својата работа“, стои во соопштението на медицинските лица на ПСЖ.

По два натпревари во Лигата на шампионите, ПСЖ има четири бода.