Двајцата најскапи и најпознати фудбалери на ПСЖ, Нејмар и Мбапе нема да го менуваат клубот ова лето, пренесуваат медиумите од Франција.

Цените на фудбалерите варираат, трансфер пазарот е нестабилен и поради ова управата на ПСЖ не е подготвена на преговори за евентуална продажба на напаѓачкото дуо.

Нејмар повеќе од една година се поврзува со кам-бек во Барселона додека Мбапе е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид или во Ливерпул.

Нема да биде ништо чудно ако и двајцата играчи стават потпис на ново договоро со условни клаузулу со кои ќе си обезбедат шанса за трансфер во случај да пристигнат понуди од клубовите во кои сакаат да играат, прогнозира „Л`Екип“.