Бразилецот Нејмар со два гола го сруши Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, беше клучен играч во победата на ПСЖ.

Нејмар по мечот изјави дека е сигурен дека следната сезона ќе се обединат со Меси во ист клуб.

„Најмногу би сакал  да играм повторно со Меси, тој може да дојде на местото каде што сум сега, немам никаков проблем со тоа, сигурен сум дека наредната година ќе играме во ист клуб“ – рече Нејмар.