Нејмар и ПСЖ веќе не ни контактираат, репрезентативецот на Бразил упорен да го напушти шампионот на Франција, според каталонски „Спорт“ војната меѓу двете страни прерасна во отворена битка за Барселона.
ПСЖ е во Кина каде денеска со Рен на пладне ќе го одигра мечот од Супер купот, Нејмар не е во составот кај „светците“.
Нејмар тренираше со соиграчите, потоа делеше автограми и беше позитивно расположен. Сепак според „Спорт“ , Леонардо и Нејмар не се поздравиле по тренингот, тоа е конечен доказ дека разделбата е извесна, војната во тек, Барселона чека расплет на ситуацијата, крајот е неизбежен.
ПСЖ во недела се враќа во Франција и се очекува разрешница на оваа „војна“ меѓу Нејмар и шампионот на ГФранција.
Comments are closed for this post.