Фудбалерот на ПСЖ Нејмар и играчот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор се враќаат во репрезентацијата на Бразил откако селекторот Тите ги повика за турнејата во САД, каде што ќе играат две пријателски средби со Колумбија и Перу. Двајцата напаѓачи не настапија на Копа Америка поради повреди.

Натпреварите во САД ќе бидат како подготовка за квалификациите за СП во Катар во 2022 година кои почнуваат веќе следната година.

Новото засилување на Сао Пауло, Дани Алвеш, кој беше прогласен за најдобар фудбалер на Копа Америка, исто така е во тимот, но затоа на списокот нема седум имиња кои настапија на Копа Америка, а тоа се Касио, Миранда, Фелипе Луис, Вилијан, Фернандињо, Габриел Хесус и Евертон.

Еве го и комплетниот список на фудбалери:

Голмани: Едерсон (Манчестер сити), Иван (Понте Прета), Вевертон (Палмеираш).

Одбрана: Даниел Алвеш (Сао Пауло), Фагнер (Коринтијанс), Жорге (Сантос), Алекс Сандро (Јувентус), Едер Милисао (Реал Мадрид), Маркињос (ПСЖ), Тијаго Силва (ПСЖ), Самир (Удинезе).

Среден ред: Артур (Барселона), Касемиро (Реал Мадрид), Фабињо (Ливерпул), Алан (Наполи), Лукас Пакета (Милан), Филипе Кутињо (Барселона).

Напад: Нејмар (ПСЖ), Ришарлисон (Евертон), Давид Нереш (Ајакс), Бруно Енрике (Фламенго), Роберто Фирмино (Ливерпул), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).