Насер Ел Келаифи, првиот човек на ПСЖ во понеделник ќе има состанок со Нејмар по повод непримерното однесување на напаѓачот за време на прославата на победата над Рен во Супер Купот на Франција.

Челниците на ПСЖ се очекува да го казнат Нејмар но и да разговараат на темата „трансфер во Барселона“. Според медиумите во Франција, ПСЖ е подготвен на живот без Нејмар но за тоа некој мора да плати 300 милиони евра.

Од Шпанија најавуваат дека Барселона од понеделник ќе ги започне официјалните преговори за купување на Нејмар. Каталонците не се подготвени да платат 300 милиони евра поради финансискиот фер плеј но имаат идеја да понудат неколку играчи во целата зделка.

Нејмар во дресот на Барселона има одиграно 186 натпревари и постигна 105 гола пред да замине во ПСЖ во 2017 година.